Данокот на ЕУ за мали пакети го намали увозот од Кина за 30-40%

- Advertisement -

Воведувањето на данок на ЕУ за мали пакети од 1 јули, особено за оние од Кина, доведе до пад на увозот во ЕУ од 30 до 40 проценти, објави денес француското Министерство за економија, повикувајќи се на податоци од француската царина.
Данокот на ЕУ за мали пакети го намали увозот од Кина за 30 до 40 проценти

„Ништо не е невозможно кога се соочуваме со Кина“, изјави францускиот министер за економија Ролан Лескур, пренесува Фигаро.

- Advertisement -

Тој ги поздрави ефектите од овој данок насочен кон главните азиски платформи за онлајн продажба, Шеин, Тема и АлиЕкспрес, пишува Танјуг. Дополнителниот данок претходно воведен од Франција немаше очекуван ефект, но данокот воведен од ЕУ на 1 јули се покажа како ефикасен, според францускиот дневен весник.

Фото – Youtube

- Advertisement -