Според планот на холандската влада, Амстердам до 2031 година ќе воведе туристичка такса од 20 проценти, што ќе ја направи една од највисоките во светот. Туристичката такса во Амстердам моментално изнесува 12,5 проценти.
Гградот има за цел да го намали бројот на посетители, бидејќи годишниот број на ноќевања со години го надминува посакуваниот максимум од 20 милиони.
Туристичката такса се пресметува врз цената на хотелското сместување, како додаток на ДДВ. Како резултат на тоа, вкупното даночно оптоварување на хотелското сместување во Амстердам ќе се зголеми од 21,5 проценти минатата година на 41 процент до 2031 година – што претставува речиси двојно зголемување.
Амстердам веќе ја има највисоката туристичка такса во Европа.
(021)
(фото: Pexels)





























