Русија и Кина работат на заеднички центар за податоци поврзани со Месечината, чии два главни сегменти ќе бидат лоцирани во Русија и во Кина. Ова за агенцијата РИА Новости го изјави Дмитриј Зарубин, водечки инженер и координатор на меѓународни проекти во Институтот за вселенски истражувања (ИКИ) при Руската академија на науките.
„Во тек е работа на заеднички центар за податоци за Месечината и длабоката вселена, кој ќе се состои од два главни сегмента – руски и кинески – со можност за учество и на други земји“, рече Зарубин.
Тој објасни дека договорите меѓу Роскосмос и Руската академија на науките дефинираат различни области на соработка со кинеските партнери – од заедничка анализа на научни податоци до меѓусебно учество во елементи од мисиите на Месечината.
Русија и Кина претходно се договорија да ја воспостават Меѓународната лунарна истражувачка станица (ILRS), чија изградба треба да заврши до 2036 година и која во најголема можна мера ќе користи роботски решенија.
Според РИА Новости, се очекува Русија да развие извор на нуклеарна енергија за да се обезбеди сигурно функционирање на станицата.
(021)
(фото: Pexels)

























