Трамп го преименува името на вештачката интелигенција во „суперинтелигенција“

- Advertisement -

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека вештачката интелигенција (ВИ) во иднина треба да се нарекува „суперинтелигенција“, бидејќи тој термин звучи „многу подобро“ и е попрецизен. Тoj пред Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека сите документи на САД ќе бидат променети за да го користат терминот „суперинтелигенција“, изразувајќи надеж дека и другите земји ќе го сторат истото.

Вештачката интелигенција, според него, звучи како интелигенцијата да е „лажна“ и е, како што изјави, „невероjaтна“. Зборувајќи за ризиците од новата технологија, Трамп рече дека секоја голема нова технологија носи предизвици и дека „суперинтелигенцијата не е исклучок“.

- Advertisement -

Тој ги спореди критичарите на вештачката интелигенција со луѓе кои предупредуваа на последиците од глобалното затоплување и климатските промени, тврдејќи дека терминот „глобално затоплување“ подоцна бил променет во „климатски промени“ бидејќи, рече тој, планетата се лади, а не се затоплува.

Трамп рече дека тоа се истите луѓе кои сега тврдат дека вештачката интелигенција ќе „убие сè“, дека роботите ќе напаѓаат луѓе и дека сè ќе заврши со „тотална катастрофа“.

- Advertisement -

Зборувајќи за регулирањето на вештачката интелигенција, Трамп рече дека САД „апсолутно го отфрлаат секој обид за создавање глобалистичка шема за контрола“ на технологијата. „Кој и да ја добие трката за суперинтелигенција, победува“, рече Трамп.

Фото – Wikimedia

- Advertisement -