Пред десет дена, Волво објави оперативна загуба од 500 милиони евра во третиот квартал од 2026 година и елиминација на уште 2.500 работни места. Aкциите на шведскиот автомобилски гигант изгубија 25% од својата вредност, а од почетокот на годината паднаа за 65%, што сугерира дека Волво можеби е во најлошата криза во својата 100-годишна историја.
Тековните бројки најдобро зборуваат за сериозноста на кризата. За само една година, Волво Карс од оперативен профит од околу 600 милиони евра се искачи на загуба од 500 милиони евра, а неговите приходи се намалија за речиси една четвртина, од приближно 8 на само 6 милијарди евра. Продажбата се намали за 10,7 проценти на глобално ниво во третиот квартал.
Економскиот коментатор на шведската јавна телевизија, Александар Норен, ги нарече деловните резултати на Волво „катастрофални“ и додаде дека компанијата е во „многу тешка ситуација“. Други аналитичари отидоа чекор понатаму и отворено се запрашаа дали Волво воопшто може да преживее во Шведска или дали ќе мора да премести барем дел од своето производство во Кина и Америка.
Имено, кога кинеската автомобилска групација „Жеџијанг Гили Холдинг Груп“, чиј мнозински сопственик е милијардерот Ли Шуфу, го презеде Волво Карс од американскиот Форд за 1,8 милијарди долари во 2010 година, се обврза да го задржи седиштето на компанијата во Гетеборг и производството во Шведска.
(B92)
Фото – Wikimedia






























