Audi ќе произведува електрични автомобили во Унгарија и Мексико

- Advertisement -

Мексико и Унгарија се новите локации најавени од Audi каде ќе се произведуваат нивните електрични автомобили. Информацијата беше најавена како дел од стратегијата за производство на автомобили кои нема да емитираат штетни гасови.

Компанијата чиј сопственик е Volkswagen групацијата, минатата година ја назначи првата серија на производство на електрични спортски автомобили на погон во Брисел но оттогаш е под постојат притисок од синдикатите производството да биде преместено во Германија.

„Во иднина, електричните автомобили ќе се произведуваат во сите наши погони.“, рекол извршниот директор Руперт Стадлер пред околу 7 000 вработени во компанијата во Инголштад.

- Advertisement -

Покрај Инголштад и Некарсулм во Германија каде работат две третини од 88 000 вработени на Audi, автомобилскиот прозводител поседува погони во Белгија, Мексико и Унгарија, а ја користи и прекуокенската мрежа од погони на Volkswagen и Skoda.

Audi планира да произведе преку дваесет модела на електрични возила до крајот на 2025 година, со уште дузина модели дизајнирани да работат само на батерии водејќи се по одлуката за производство на автомобили кои нема да емитираат штетни гасови донесена од компанијата-родител VW.

- Advertisement -

Првично се фокусирани да започнат со производство во погоните во Германија со цел да не заостанат позади другите автомобилски производители во регионот кога станува збор за елиминирањето на штетните гасови. Околината во која работат веќе очекува да виде резултати до крајот на годината.

(Reuters)

Сподели!
- Advertisement -