Нов Зеланд ќе сади по 100 милиони дрвја годишно

- Advertisement -

Новата влада на Нов Зеланд се надева да ја направи земјата уште позелена така што ќе сади по 100 милиони дрвја годишно. Освен тоа, планира електричната мрежа да се префрли целосно на обновлива енергија и да се трошат повеќе пари на велосипедски патеки и железнички транспорт.

Јасинда Ардерн, која неделава ќе застане на позицијата премиер на Нов Зеланд, ги откри плановите на новата влада. Освен ваквите иницијативи за заштита на животната средина, Ардерн истакна дека планира да ја зголеми минималната плата, да ги спречи странците да купуваат изградени домови итн. 37-годишната политичарка ќе биде најмладиот лидер на Нов Зеланд во повеќе од 150 години.

- Advertisement -

„Не мора да ме притискаат за да работам на проблемот со климатските промени, тоа ќе биде главната задача на оваа влада“ истакна Ардерн. Таа планира да ја намали емисијата на штетни гасови на нула до 2050 година. Некои од таргетите со себе ќе повлечат значителни промени. Нов Зеланд веќе генерира 85% од електричната енергија од обновливи извори како водата, термалната маса и ветрот. Ардерн планира тој процент да го зголеми на 100% до 2035 година, главно преку поставување соларни панели на покривите на училиштата.

Таа вели дека земјата мора да го дуплира бројот на дрвја кои се садат секоја година, а тоа може да се постигне со пошумување на земјиште кое не се користи за сточарство. Исто така, Ардерн планира автомобилите кои ги користат владините институции да ги замени со „зелени“ за 10 години отсега.

- Advertisement -

Сепак, не се сите среќни со ваквите планови. Многу фармери се загрижени дека на овој начин Нов Зеланд ќе стане помалку конкурентен со своите производи на светскиот пазар.

 

- Advertisement -

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -