Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан денеска и офиицијално го претстави персоналот, завршен по процесот на евалуација и селекција и со тоа го најави почетокот на својата работа
На церемонијата организирана по тој повод во просториите на ВБФ во Тирана, извршниот директор д-р Ѓерѓ Мурра, истакна дека група искусни професионалци од нашиот регион се подготвени активно да придонесат за постигнување на целта на Фондот: поддршка на заеднички проекти на граѓанското општество, со цел да се зајакнат контактите меѓу луѓето и севкупните процеси на регионална соработка.
За време на настанот, новите членови на персоналот, кои доаѓаат од Белград, Подгорица, Приштина, Скопје и Тирана, имаа можност да се претстават, нагласувајќи ја нивната целосна подготвеност да придонесат за постигнување на целите на ВБФ.
На церемонијата присуствуваа амбасадори од регионот и земјите на Европската унија, претставници од албанското Министерство за Европа и надворешни работи, Европската делегација во Тирана и медиумите. Д-р Мурра им се заблагодари на V4 и WB6 за нивната континуирана поддршка за оваа иницијатива и ја искажа довербата, исто така, во име на персоналот на WBF, за континуитетот на таквата поддршка и во иднина.
Фондот на Западен Балкан е прва фонд создаден од владите на земјите во Западен Балкан инегови главни цели се да ја зајакнат соработката меѓу нејзините членки, да ги зајакнат односите и регионалната кохезија и секако да ја унапредат интеграцијата во Европската унија. Тоа ќе биде направено преку промовирање на заеднички вредности меѓу граѓаните, граѓанските организации и регионалните актери, преку зајакнување и обезбедување на конкретен пристап на ниво “луѓето-за-луѓето”.
WBF финансиски ќе поддржува мали и средни проекти со главна цел: зголемување на регионалната и прекуграничната соработка и јакнење на регионалната кохезија во следните 4 клучни области:
– Образование и научни размени;
– Културна соработка;
– Прекугранична и младинска соработка;
– Одржлив развој;
Првиот повик за предлози ќе биде објавен во текот на ноември а граѓанските организациина од Западен Балкан ќе бидат поканети да аплицираат, повеќе информации истите ќе може да добијат и преку информативните сесии кои ќе се организираат во текот на следните недели.