Најдобрите божиќни пазари во Европа за 2026 година

- Advertisement -

Европа е позната по своите божиќни пазари – секоја година низ континентот се организираат повеќе од 1.500 вакви настани. Од мирисот на варено вино и традиционалните деликатеси, па сè до богато украсените плоштади, речиси секој поголем европски град нуди своја верзија на празнична магија. Сепак, со толку голем избор, одлуката каде да се патува воопшто не е лесна.

Оваа година повеќе од 800.000 патници гласаа за своите фаворити преку платформата European Best Destinations, што резултираше со конечна листа од 20 европски божиќни пазари.

- Advertisement -

Интересно е тоа што првото место не им припадна на Виена, Прага или која било друга традиционално популарна празнична дестинација. Наместо тоа, титулата најдобар ја освои романскиот град Крајова. Тоа можеби не е првото место што ви паѓа на ум кога размислувате за божиќни пазари, но сепак, оваа година тој ги надмина многуте, далеку попознати европски градови.

Неговиот празничен простор се протега на повеќе од 280.000 квадратни метри, претворајќи се секоја зима во бајковит свет исполнет со светлина. Темата за 2026 година е „Крцко Оревокршач“, па посетителите можат да очекуваат огромни декорации, скулптури инспирирани од играчки и безброј светлосни инсталации. Пазарот е отворен од средината на ноември до почетокот на јануари. Меѓу главните атракции се санката на Дедо Мраз – која „лета“ на најголема височина во Источна Европа – потоа лизгалиште, панорамско тркало и традиционални дрвени штандови, рачно насликани.

- Advertisement -

Посебно внимание привлекува и гастрономската понуда, која спојува вкусови од Источна Европа и пошироко. Посетителите можат да вкусат специјалитети од Ерменија, Грузија, Грција и Бугарија, како и од Србија.

На второ место е Цирих. Иако Цирих е попознат по чоколадото и банкарството, во последните години стана и една од најбараните европски дестинации за патувања за време на празниците. Главна атракција е божиќниот пазар Wienachtsdorf, сместен на плоштадот Sechseläutenplatz, помеѓу Операта и Циришкото Езеро. Дрвените штандови, илјадниците сијалички и големата елка создаваат спој од традиционална алпска атмосфера и онаа карактеристична елеганција по која е познат овој швајцарски град.
Овој пазар дури ја понесе и титулата за најубав божиќен пазар во Европа.

- Advertisement -

Сепак, празничната понуда во Цирих не се ограничува само на еден плоштад. Weihnachtsallee, лоциран во близина на главната железничка станица, се одржува трета година по ред; тој опфаќа околу 80 штандови со разновидна понуда – од интернационална кујна и дизајнерски ракотворби, па сè до, се разбира, швајцарско фондју.

Постои дури и посебна купола наменета за варено вино – омилено место за одмор и загревање во текот на студените зимски денови. За малку поинакво доживување, тука е Illuminarium – светлосен спектакл во дворот на Швајцарскиот национален музеј, кој спојува музика, уметност и импресивни визуелни инсталации.

Иако главниот град на Латвија можеби не е толку познат како некои од големите европски празнични центри, сепак секоја зима им нуди на посетителите навистина посебно доживување и годинава се најде на третата позиција. Главниот божиќен пазар се одржува на плоштадот Doma laukums (Плоштадот на катедралата), сместен во срцето на Стариот град – локалитет кој е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Од крајот на ноември до почетокот на јануари плоштадот се исполнува со дрвени штандови на кои се нудат латвиски ракотворби, плетени производи и локални деликатеси. Мирисите на варено вино, печени бадеми и цимет, проследени со настапи на хорови и народни уметници, создаваат автентична балтичка празнична атмосфера.

Сепак, празничниот дух во Рига се чувствува далеку надвор од границите на пазарот. Градот е познат и по своите раскошни светлосни инсталации што ги красат парковите, плоштадите и каналите. Особено вредни за спомнување се плоштадот кај операта, како и парковите Bastejkalns и Kronvalda; Овде инсталациите црпат инспирација од летонските бајки, спојувајќи светлина, музика и раскажување приказни.

За оние кои претпочитаат да уживаат во празничниот период при поблаги температури и под зимското сонце, Лисабон, на четвртата позиција, нуди поинакво искуство. Најголемиот божиќен пазар во португалската престолнина, Wonderland Lisboa, се одржува во паркот Едуардо VII од крајот на ноември до почетокот на јануари. Во 2026 година настанот ќе го одбележи своето 11-то издание под темата „Корените на Божиќ“, која ги обединува природата, уметноста, гастрономијата и забавата.

Посетителите можат да очекуваат локални уметници и занаетчии, настапи во живо и бројни атракции наменети за семејства. Меѓу нив се панорамско тркало од кое се пружа поглед кон градот, традиционален рингишпил и богат избор на празнични подароци. Клучен дел од настанот е Wonderland Lisboa Food Court (зоната за храна), каде што посетителите можат да дегустираат португалски празнични специјалитети, регионални јадења и сезонски слатки.

Популарноста на овој настан се потврдува со фактот дека во 2025 година привлече над 1,2 милиони посетители.

Вториот по големина град во Унгарија можеби е во сенка на Будимпешта во однос на туризмот, но градот нуди навистина многу во текот на зимата. Главните плоштади и пешачките улици се претвораат во празничен простор, украсен со светлосни инсталации и дрвени штандови на кои се продаваат ракотворби, играчки, украси и божиќни декорации.

Секако, тука се и традиционалните специјалитети во кои може да уживате – од варено вино и печени костени, па сè до познатиот унгарски kürtőskalács (колач во форма на оџак). За време на празничниот период се одржуваат повеќе од 100 културни настани, на кои учествуваат над 200 изведувачи. За семејствата се достапни лизгалиште и посебна атракција позната како „Град од бајките“.

Програмата вклучува и традиционални церемонии на палење на адвентските свеќи, како и викенд посветен на Свети Никола, кој вклучува негово пристигнување со кочија, концерти и возење со минијатурен воз.

Врз основа на гласовите на патниците на платформата „European Best Destinations“ (Најдобри европски дестинации), конечната ранг-листа за 2026 година е следната:

1.Крајова, Романија

2.Цирих, Швајцарија

3.Рига, Латвија

4,Лисабон, Португалија

5.Дебрецен, Унгарија

6.Говоне и Асти, Италија

7.Валкенбург, Холандија

8.Виена, Австрија

9.Монбелијар, Франција

10.Париз, Франција

11.Единбург, Шкотска

12,Мадрид, Шпанија

13.Винчестер, Англија

14.Прага, Чешка

15.Бриж, Белгија

16.Дрезден, Германија

17.Нирнберг, Германија

18.Клисурата Равена, Германија

19.Франкфурт, Германија

(Bizlife)

(фото: Pexels/Ama Journey)

- Advertisement -