19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Чии инспиративни приказни ќе ги слушнеме во среда на првиот Womenpreneurs Stories?

Kabtel desktop

 

Приказни за жени претприемачи е иницијатива која има за цел да ги и слави и сподели приказните на инспиративните жени во бизнисот!

Со поглед кон иднината, дефинитивно ни се потребни повеќе жени на лидерски позиции. Придонесот што жените како иноватори, претприемачи и мотори на промени можат да го дадат на економскиот раст во Македонија е многу важен.

Многумина се веќе вклучени директно и индиректно во поддршката за креирање средина во која жените во Македонија се препознаваат и целосно можат да придонесат за развојот на новиот претприемачки екосистем. Зошто? Што е постигнато? Што друго можеме да направиме? Дојдете и придружете се кон разговорот со нашите претприемачи, основачи, ментори, конектори – жени и мажи.

 

На првиот Womenpreneurs Stories настан, своите инспиративни приказни ќе ги споделат:

  • Ивана Станковиќ – Менаџер за инвестиции во South Central Ventures
  • Aimee Holland – SwissEP Entrepreneur-in-Residence (EiR)
  • Нина Николиќ – SwissEP Manager of EiR & Eco-System Facilitator
  • Драгана Нешовска – CEO & Ко-основач на Solveo
  • Нина Ангеловска – CEO & Ко-основач на Grouper
  • Весна Иваноска – CEO на центарот за едукација и развој на Seavus (SEDC)

 

Искористете ја оваа можност да разговарате со жените кои ги делат истите предизвици, интереси и страсти како вас. Овој настан ќе ви помогне да стекнете нови пријатели и изградите партнерства.

Едно е сигурно. Приказните за жени ќе ве инспирираат и мотивираат да преземете одговорност за вашиот професионален живот!

Овој настан е организиран од Womenpreneurs Stories, во соработка со Швајцарската програма за претприемништо (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact; Grouper.mk; South Central Ventures; Solveo, Seavus Education and Development Center (SEDC), Public Room.

https://grouper.mk/deal/womenprenerurs-stories-public-room

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •