Европската инвестициска банка ги дуплира инвестициите на Балканот

- Advertisement -
Европската инвестициска банка (ЕИБ) планира во текот на наредните три години да ги дуплира инвестициите на Западен Балкан од 1,5 милијарди на 3 милијарди евра, изјави шефицата на ЕИБ за регионот, Дубравка Негре, а пренесува Bizlife.„Планираме и неповратни инвестиции за подготовка на проекти, што е критична точка за реализација на проектите и за таа намена имаме околу 30 милиони евра“ изјави Негре во Белград на регионалниот форум „Белградски инвестициски денови“.Регионалниот менаџер за централна и источна Европа на Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Томас Лубек, истакна дека новите инвестиции ќе придонесат за развој на регионот и достигнување на високите стандарди.

На форумот беше потенцирано дека за инвеститорите е многу битна регионалната соработка и економиите на земјите од регионот би биле поконкурентни доколку постои заеднички пазар со 18 до 20 милиони луѓе.  Беше најавено и дека идната година на инвестицикиот форум на Западен Балкан во Лондон ќе биде претставен заеднички производ на шесте стопански комори – инвестициска платформа на која ќе се наоѓаат сите информации за инвестициската клима и законите во земјите, врз основа на која стопанствениците и финансиерите ќе носат одлуки кога се определуваат за нови бизниси и инвестиции.

 

Сподели!
- Advertisement -