Во иднина лозинките ќе бидат меморирани во вашата облека

- Advertisement -

Доколку не ви се допаѓа идејата да ви стават чип во раката каде што ќе се складираат лозинки за канцеларии и компјутери, еве друго решение за вас. Тим од Универзитетот Вашингтон разви систем кој нема да направи инвазија на вашето тело. Системот овозможува лозинките да се зачуваат во вашата облека без употреба на електроника со едноставно парче магнетски материјал кој потоа можат да го „прочитаат“ сензорите на врата или на автомат за пијалаци.

Прводливиот материјал досега се користеше за белегзии за следење на здравјето и за Solar Bikinis, но тимот од Универзитетот Вашингтон откир дека материјалот не е корисен само за пренесување електрични сигнали туку и за складирање податоци како хард-диск. Кодовите може да се напишат на материјалот со протривање на магнети за да се создадат атоми со вредност 1 или о на одредени делови, кои потоа ќе ги прочитаат магнетометри за да се потврди одреден сигнал и да се добие пристап до компјутер или да се плати нешто. 

- Advertisement -

Најбитно е тоа што нема никаква електроника во материјалот туку само во уредите што ги читаат кодовите. Тоа значи дека материјалот може нормално да се пере во машина. Според тестовите, материјалиот ги задржува кодовите на температура од максимум 160 степени Целзиусови, пренесува New Atlas.

Освен тоа што поставија материјал на обична облека, научниците направија и вратоврска, каиш и ѓердам од истиот материјал. Сепак, системот не е без маани. Секој што чувал картичка за хотелска соба заедно со кредитна картичка во паричник знае дека магнетскиот сигнал слабее и може да го снема. Истото може да се случи со материјалот, но позитивно е тоа што може да се ремагнетизира повеќе пати. Освен тоа, научниците открија дека материјалот може да комуницира со паметни телефони со обични гестови. При тестовите, во 90% случаите интеракцијата беше успешна.

Сподели!
- Advertisement -