1 C
Skopje
вторник, јануари 21, 2020

Десет филма од 2017 година кои секој претприемач треба да ги погледне

Kabtel desktop

Од теми како музика, игри до создавање популарни ликови, овие филмови и документарци од 2017 година раскажуваат приказни за одлични претприемачи. Погледнете како тие се справиле со професионалните и личните предизвици во овие дела кои дебитираа годинава и научете нешто од бизнисот од големото платно

 

1. Goodbye Christopher Robin 

Оваа историска драма ја раскажува приказната за Ален Александар Милн, креаторот на познатиот анимиран лик Winnie the Pooh и за неговиот син Кристофер Робин кој бил инспирација за креирањето на ликот. Во актерската екипа се појаваат Домхал Глисон, Марго Роби и Кели Мекдоналд.

2. Molly’s Game

Не барајте ескапизам во овој филм за Моли Блум, скијачка од олимписки терк која ги водеше прочуените покер игри со екстремно високо блогови поради што стана таргет на ФБИ. Во улогата на Моли се јавува Џесика Честејн, а покрај неа игра Идрис Елба како адвокатот кој го брани нејзиниот криминал.

3. Brad’s Status

Татко со задоволувачка кариера се соочува со проблем кога ќе започне да го споредува својот живот со животот на четири свои пријатели од факултет. Тој ги нема нивните работни позиции од кои заработуваат многу, но тој може да биде најуспешниот во групата. Бред во филмот го глуми познатиот Бен Стилер.

4. Chris Gethard: Career Suicide

Овој документарен филм ја раскажува приказната за комичарот Крис Гетард и неговото самостојно стенд ап шоу и како тој живеел со депресија. Тој зборува за алкохолизам, самоубиство и како подоцна успеал да најде надеж преку својата кариера.

5. Wasted! The Story of Food Waste

Повеќе од милијарда тони храна годишно завршуваат во отпад. Режисерите на овој документарец, Ана Чаи и Нари Кеј претставуваат неколку познати претприемачи кој работат во прехрамбениот сектор и истражуваат нови начини на производство и продажба на храна со цел да се намалат количините на отпадна храна.

6. The Man Who Invented Christmas

Книгата Божиќна песна на Чарлс Дикенс го промени Божиќ за многумина. Оваа биографска драма ја води публиката низ патување за тоа како Дикенс се одлучил да ја напише книгата. Ден Стивенс го глуми ликот на Дикенс во овој филм.

7.  Bombshell: The Hedy Lamarr Story

Знаете ли кој го измисли безжичниот интернет, Bluetooth и GPS? Тоа беше Хеди Ламар, брилијантна истражувачка која во своето време за жал повеќе била позната по својата физичка убавина.

8. Can’t Stop, Won’t Stop: Bad Boy Story

Што е она што ви е потребно за да успеете во музичката индустрија? Дозволете Шон Комбс, познат како Пи Диди да ви покаже во овој документарен филм за својата продукција Bad Boy Records која тој ја основаше во 1993 година.

9. Professor Marston and the Wonder Women

Како оживеа ликот на познатата Wonder Woman? Погледнете преку овој филм како психологот од Харвард, Вилијам Мултон Марстон, неговата сопруга Елизабет и нивниот заеднички љубовник Олив Берн го креирале овој суперхерој.

10. The Florida Project

Додека овој филм раскажува за едно детство, исто така става акцент и на одговорноста која ја носи еден претприемач. Боби, менаџерот на хотел кој го глуми Вилијам Дефо мора да му помогне на едно семејство кое се соочува со проблеми додека истовремено го води својот бизнис на автопатот покрај Disney World.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •