Три типа на луѓе кои ѝ се потребни на секоја компанија

- Advertisement -

Какви ќе бидат вработените во една компанија, секако, зависи од директорот на компанијата односно оној кој ги вработува, но и од она што пазарот го бара за да успее таа компанија. Но колку и да се разликуваат компаниите од една до друга индустрија, постојат одредени типови на луѓе без кои компанијата нема да може да функционира

На секоја компанија ѝ се потребни различни типови на луѓе, поточно различни типови на индивидуалност. Но доколку би требало да го стесните овој круг, тогаш се препорачува кругот да ги опфаќа овие три типа на луѓе:

1. Оној кој војува е човекот кој ќе направи сѐ што е потребно за компанијата. Без разлика дали се работи за едноставни, секојдневни задачи или за задачи кои бараат многу повеќе, тој е свесен за неговата мисија во компанијата и нема да запре додека не ја оствари.

- Advertisement -

2. Оној кој гради, овде станува збор за оној вработен кој нема проблем со тоа да ги засука ракавите и да заврши одредена работа. Овие луѓе никогаш нема да ви кажат дека таа задача не е нивна одговорност, напротив, тие уживаат во проекти кога можат да создаваат и да си ја искажат креативноста.

3. Оној кој поврзува е третиот тип и се работи за човекот кој дури и откако ќе излезе од работното место, тој ќе зборува за компанијата и за тоа колку истата е успешна. Овие луѓе се движечки маркетинг банер и ѝ помагаат на компанијата да си ја зголеми продажбата и растот.

- Advertisement -

Доколку стартувате компанија во блиска иднина, осигурајте се дека сте си ги нашле вашите тројца луѓе кои ќе војуваат, ќе градат и ќе поврзуваат бидејќи токму тие ќе ѝ помогнат на вашата компанија да расте и да се развива.

Сподели!
- Advertisement -