Десет одлични веб страници кои нудат бесплатна едукација за бизнис лидерите (2 дел)

- Advertisement -

Треба да имате отворен памет за учење нови работи и да бидете флексибилни за да бидете успешен и силен лидер. Без разлика дали сте бизнисмен во корпорација или сте претприемач, мора да научите како да водите една компанија додека се едуцирате себеси како да работите дигитален маркетинг, ИТ, човечки ресурси истовремено.

Доколку го немате тој луксуз да си платите или немате време за формални часови, Интернетот има еден куп висококвалитетни едукативни ресурси кои ќе ве опремат со се што ви треба за водење бизнис.Еве листа со топ 10 веб стајтови за таа намена според Inc.com.

- Advertisement -

6. FutureLearn – Од основањето во 2012 година FutureLearn обезбедува широка селекција на програми за курсеви за повеќе од 7 милиони корисници. Во соработка со вревни универзитети и псецијализирани организации FutureLearn нуди една цела библиотека на теми од бизнисот, вклучувајќи и дигитално лидерство и менаџирање со јавни средства.

7. MIT OpenCourseWare – MIT OpenCourseWare овозможува Институтот за технологија на Масачусетс да понуди образование за поширока публика. Програмата за курсеви е поделена на основни и дополнителни курсево за дипломци и луѓе со средно образование, а предавањата ги држат ценети иснтруктори и професори од универзитетот. Меѓу курсевите се комуникација за менаџери, организациски вештини и бизнис етика.

- Advertisement -

8. Canvas Network – Како добра платформа за едукација Canvas Network соработува со едукатори и експерти за на учениците и учителите да им даде еден простор за соработка каде што ќе можат да се рњазвиваат професионално и да учат. Бесплатните онлајн курсеви на Canvas вклучуваат теми како академски финансии, проект менаџмент, применето инвестирање и трендовите на глобалниот човечки капитал.

9. Kutztown University of Pennsylvania – За поголем фокус на стартапи и менаџмент со мали бизниси Универзитетот на Пенсилванија Куцтаун нуди селекција од курсеви по менаџмент,  увид во пазари и истражување, стратешко планирање и извршување.

- Advertisement -

10. Class Central – Class Central не е провајдер на академско образование но нуди огромен каталог со онлајн курсеви од стотици онлајн платформи. Страницата нуди и коментари од луѓе кои веќе користеле некои од курсевите и помош како да го изберете најдобриот курс за вас.

Сподели!
- Advertisement -