Wizzair најави линија Виена – Охрид од ноември

- Advertisement -

Нискобуџетната авиокомпанија Wizzair ќе лансира летови од Виена до Тузла, Охрид и Ниш подоцна годинава. Како што известува порталот Ex-Yu Aviation News, авиопревозникот ќе ја отвори својата база во австрискиот главен град со еден авион од типот Airbus A320 во јуни, а во ноември ќе додаде уште два авиони од типот Airbus A321. Овој брз раст на базата на Wizzair во Виена ќе придонесе кон лансирање на вкупно седумнаесет нови рути во текот на годината.

Авиопревозникот за да ги опслужи австриските патници досега го користеше аеродромот на Братислава, кој се наоѓа на оддалеченост од околу еден час од Виена.

- Advertisement -

Првата рута на која Wizzair ќе лета три пати неделно од Виена е Тузла, а ќе биде лансирана на 27 април. Од 15 ноември пак ќе лета и до Охрид и Ниш, исто така три пати неделно. Како резултат на ова, летовите од Братислава до Тузла ќе бидат суспендирани од 23 април. Авиопревозникот ќе нема конкуренција што се однесува до рутите до Ниш и Охрид, иако конкурентот Ryanair веќе лета од Братислава до Ниш.

 

Сподели!
- Advertisement -