28 C
Skopje
понеделник, август 10, 2020

Македонија се враќа на Светскиот економски форум во Давос после 15 години пауза

UAKS desktop

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 25 и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој ќе се одржува во Давос, Швајцарија, соопшти прес-службата на Владата.

Проектите и програмските иницијативи кои ќе бидат презентирани на 48-от годишен состанок на Светскиот економски форум се на тема „Креирање на заедничка иднина во поделениот свет“.

„Светскиот економски форум е меѓународна организација која на светско ниво работи на воспоставување модел на корпоративно управување во кој вредностите се почитуваат еднакво како и правилата“, наведува владината прес-служба.

Инаку, премиерот Заев е прв македонски политичар кој после 15 години учествува на овој престижен собир. Своето присуство на форумот веќе го најавија и политичари од големите светски сили како претседателот на САД, Доналд Трамп.

Последен пат Македонија на форумот во Давос учествуваше во 2003 година со делегација предводена од претседателот Борис Трајковски, а на форумот учествувал и претседателот Киро Глигоров.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •