Дваесет градови влегоа во потесен избор за новото седиште на Amazon

- Advertisement -

Даночни олеснувања вредни милијарди долари и можност првиот човек на Amazon, Џеф Безос, да биде доживотен градоначалник на граљдот се само некои од понудите кои американските градови ги испратија до интернет-гигантот Amazon

Компанијата го објави списокот со 20 градови кои влегоа во потесен избор за новото седиште на компанијата – HQ 2. Amazon веќе претходно најави дека таа инвестиција вредна 5 милијарди долари ќе донесе нови 50.000 работни места. Таквите бројки би донеле економски процут за секој град, па не е ни чудо што на конкурсот се јавија дури 238 градови и сојузни држави.

Колку локалните власти се желни за инвестицијата на Amazon доволно говори податокот дека сојузната држават Њу Џерси понуди даночни олеснувата од 7 милијарди долари ако компанијата го избере Њуарк. Уште поиновативна понуда има од градот Атланта. Во предградието Стоункрест подаруваат земјиште со величина од 140 фудбалски игралишта за да се изгради целосно нов град на Amazon каде што Џеф Безос би бил доживотен градоначалник.

- Advertisement -

Во потесен круг влезе и еден канадски претставник, Торонто. Аналитичарите сметаат дека можноста за инвестиција на Amazon во Канада може дополнително да ги заостри веќе затегнатите односи меѓу компанијата и Џеф Безос со американскиот претседател Доналд Трамп.

Сподели!
- Advertisement -