Американската комисија за безбедност на вселенски летови бара да се забранат ракетите на SpaceX

- Advertisement -

Независната комисија за безбедност при вселенски летови ѝ препорачала на НАСА да не ја сертифицира програмата на SpaceX за комерцијални цели. Според стручните лица, слабите точки на ракетите Falcon 9, што беа причина за експлозија на една од нив во 2016 година, уште не биле отстранети.

Тие сметаат дека е потребно да се преиспита пристапот кон гаранцијата на безбедност на летовите.

- Advertisement -

„Цената на ‘товарот со намирници’ може да биде утврдена од конкурентските компании, но евентуалната загуба на екипаж на вселенско летало може да значи крај на целата вселенска програма на САД. Надградбата на системите за гориво и на моторите по несреќата со ракетата во 2016 година практично не влијаеше на сигурноста на ракетите. Затоа НАСА и стручните лица од SpaceX започнаа сосема нова конструкција на резервоарите на Falcon 9.“, стои во соопштението од комисијата.

Во извештајот уште е додадено дека, ни SpaceX, ниту пак конкурентот Boeing, моментално не ги исполнуваат стандардите за безбедност на вселенските летови.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -