Unilever се закани дека ќе ги повлече своите реклами од Facebook и Google

- Advertisement -

Компанијата Unilever деновиве упати закана до Facebook и Google дека ќе престане да се рекламира на нивните дигитални платформи доколку не ги „исчистат“ од лажни вести, расизам, сексизам и екстремизам, пренесува CNN.

Официјалното предупредување ќе им биде доставено на компаниите на конференцијата за огласување закажана во Калифорнија.

Unilever ги поседува познатите брендови Dove, Lipton и Ben & Jerry’s, а претставува втората по ред компанија која дава најмногу пари за рекламирање на дигиталните платформи. Годишниот маркетинг буџет им изнесува околу 8 милијарда евра, а 25% од нивните реклами се дигитални.

- Advertisement -

Компанијата веќе не сака да се рекламира на платформи кои создаваат поделби во општеството и не ги заштитуваат младите луѓе.

Сподели!
- Advertisement -