14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Нова опција за корисниците на MAGENTA 1

Kabtel desktop

Македонски Телеком ја збогати Magenta 1 услугата, воведувајќи нова и уникатна опција на пазарот со која што корисниците меѓу себе ќе може да споделуваат мобилен интернет. Отсега, со новата опција Family Share во Magenta 1, секој член од семејството може да го сподели својот мобилен интернет вклучен во тарифата со останатите членови. Family Share е достапна за сите нови и постојни корисници на новиот Magenta 1 M и Magenta 1 L мобилни тарифи. 

Со новата Family Share опција, секој член на Magenta 1 семејството може да додели или прими мобилен интернет од било кој друг член, неограничен број пати во текот на месецот. Мобилниот интернет којшто се споделува помеѓу членовите на семејството ќе може да се искористи до крајот на тековниот месец. Споделувањето на интернет со најблиските е едноставно и брзо со новата Telekom МК апликација, која што може да се најде на Play Store и App Store.

Дополнително, Македонски Телеком подготви нова промотивна понуда со која корисниците на Smart постпејд и новата Magenta 1 добиваат двојно повеќе мобилен интернет во следните 24 месеци, како и смартфони по супер цени. Промотивната понуда е со ограничен временски период.

Повеќе информации за новините, корисниците можат да добијат на 122, на веб страницата www.telekom.mk, како и во Телеком продавниците.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •