Во Португалија е изложена најскапата чоколада во светот – едно парче чини 7.728 евра

- Advertisement -

Најскапата чоколада во светот вчера беше изложена на фестивалот на чоколада International Chocolate Festival во местото Обидос во Португалија. Станува збор за органичена количина од 1.000 чоколадни бонбони, од кои секоја бонбона чини 7.728 евра. Бонбоните го носат името Glorius и секоја е обвиткана во 23-каратно злато што може да се јаде, а чоколадата ја чуваат униформирани стражари.

Чоколадните бонбони се наполнети со шафран, бели тартуфи, ванила од Мадагаскар, со златни листови и една тајна состојка. Креатор на чоколадата е слаткарот Даниел Гомез, кој истакна дека чоколадните бонбони имаат форма на дијамант. Неговата чоколада влезе во Гинисовата книга на рекорди како најскапа чоколада во светот. Амбалажата за чоколадата има облик на круна и е декорирана со 5.500 Swarovski кристали.

- Advertisement -

Производот е толку ексклузивен што не се открива ни кој ќе купи од бонбоните. Креаторот Гомез откри само во кои земји досега имаат испратено од бонбоните: Обединети Арапски Емирати, Русија, Ангола и Аргентина. Најскапите чоколадни бонбони во светот се чуваат на тајно место и се транспортираат до купувачите со високо обезбедување и механизми за безбедност кои се деактивираат откако чоколадата ќе стигне до купувачот.

Сподели!
- Advertisement -