Компанијата Sprint најави дека до 2019 година планира да воведе 5G мрежа во шест градови во САД и тоа Атланта, Чикаго, Хјустон, Далас, Лос Анџелес и Вашингтон. Во овие градови ќе бидат поставени масивни MIMO антени кои ќе поддржуваат далеку поголема брзина на Интернет. Sprint сега користи 2х2 MIMO антени за испраќање и прием на податоци, пренесува Klix.ba.
Sprint ќе распореди вкупно 128 антени по градовите, и тоа 64 за прием и 64 за пренос на податоци. Од Sprint велат дека масивните антени ќе овозможат 10 пати поголема брзина на Интернет од сегашните LTE системи.
Новите антени треба да го олеснат реализирањето на гигабитни LTE и 5G мрежи со можност за надградбата на 5G мрежите со ажурирање на софтверот. Првите градови во кои Sprint ќе постави нови антени се Чикаго, Далас и Лос Анџелес, додека 5G мрежата во Атланта, Хјустон и во Вашингтон пристигнува кон крајот на оваа или на почетокот на идната година.