12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Од следната среда компаниите ќе можат да аплицираат за средства од Планот за економски раст

Kabtel desktop

Повикот со кој домашните компании ќе може да конкурираат за финансиска поддршка со мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст ќе биде објавен во среда следната недела

Како што најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во тек на огласот, по кој ќе следат и други за таа намена, компаните ќе може да аплицираат за добивање финансии.

„Првпат оваа година утврдивме значителни средства за мали и средни претпријатија и веќе в среда ќе биде презентиран првиот повик за мали и средни претпријатија на кој државата ќе определи значителни средства за да им помогне на претприемачите“, изјави Анѓушев.

Во вторникот на владина седница беа разгледани правилниците со критериумите на распределбата на планираните финансии за поддршка на фирмите, во износ од 10,5 милиони евра, со што се создаоа услови за објавување на повикот.

Како што најави претходно директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски, повикот ќе трае 45 дена, а евалуацијата на проектите на фирмите треба да биде завршена до 60 дена. Со третиот столб од владиниот План, најголема финансиска поддршка е предвидена со мерката број три за поддршка на развој на иновативни продукти и услуги.

Спорд најавите, примената на мерките од владиниот План ќе ја следи работна група со претставници од Кабинетот на Анѓушев, ФИТР, Министерството за економија и трите стопански комори.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!