Финска се откажува од концептот основна плата! Воведува универзален кредит!

- Advertisement -

Финскиот експеримент со основни приходи, кој минатата година ги наполни насловните страници во целиот свет, кога беше лансиран, ќе заврши оваа година, пренесува Poslovni Puls. Од почетокот на годината досега околу 2.000 Финци секој месец добиваа пари од власта и не беа обврзани да направат ништо за да ги заработат. Учесниците, кои требаше да бидат на возраст од 25 до 58 години, беа избрани по случаен избор.

Наместо бенефит за невработените, учесниците во проектот добиваа неоданочени 560 евра месечно. Доколку најдат работа во текот на двегодишниот експеримент, тие требаше да продолжат да ги примаат предвидените пари. Додека проектот беше фален во целиот свет како пионерски во социјалната грижа, во Финска владејачката гарнитура го стопира проектот и го насочува во друг правец.

- Advertisement -

„Моментално владата работи на промени кои ќе го однесат системот подалеку од основните приходи“ изјави Миска Симанаинен, истражувачка на финската агенција за социјална грижа Keli.

Од почеток беше планирано експериментот на почетокот на 2018 година да се прошири на работниците, како и на луѓето кои не работат, но тоа не се случи. Истражувачите истакнаа дека без вклучување на работници во проектот нема да можат да истражат дали таканаречениот основен приход ќе им овозможи на луѓето да направат нови чекори во кариерата или да си дозволат доусовршување или едукација.

- Advertisement -

Оли Кангас, професор и еден од водечките експерти на овој проект, изјави дека две години се прекраток период за да се извлечат опсежни заклучоци.

Овој систем во кој луѓето добиваат одредена сума пари без да работат во последно време го поддржуваат многу претприемачи како Илон Маск, Крис Хјуз и Реј Курцвејл. Овие технолошки могули велат дека уиверзалниот приход во комбинација со други методи за борба против сиромаштијата може да помогне во решавањето на проблемите врзани за автоматизацијата на работната сила.

- Advertisement -

Финскиот експеримент, пак, ги таргетира долготрајно невработените луѓе. Финската влада тврдеше дека постојните бенефити за невработените се високи и системот е толку строг што една невработена личност може да одлучи да не бара вработување затоа што во спротивно би ризикувала да ги изгуби парите. Така, експериментот за основни приходи беше осмислен да ги поттикне луѓето да почнат да работат.

Но, во декември минатата година финскиот парламент донесе предлог закон со кој системот за социјална грижа ќе се пренасочи во друг правец. Новиот закон за активациски модел бара од барателите на работа да работат минимално 18 часа или да влезат во програма за оспособување во рок од три месеци и пропишува дека ако не успеат да најдат работа, губат некои од повластиците.

„Кога ќе заврши експериментот со основен приход, треба да стартуваме експеримент за универзален кредит, систем сличен на тој во Велика Британија“ вели финскиот министер за финансии, Петери Орпо.

Сподели!
- Advertisement -