Кога би ја имало, еве колку би можела да биде месечната претплата за Facebook

- Advertisement -

Никој од корисниците на Facebook не мора да се плаши дека оваа социјална мрежа во иднина би била достапна само за претплатници, но за можноста да се појави верзија на Facebook на која нема да има огласи, но за која ќе биде потребна месечна претплата се зборува многу повеќе откако беше откриено дека корисничките податоци на десетици милиони луѓе беа злоупотребени од аналитичката куќа Cambridge Analyticа.

Дури и Марк Цукерберг при неодамнешното сведочење пред членовите на американскиот Конгрес не ја исклучи можноста да претплатничка верзија и рече дека тоа е идеја за која би можел да размисли. Најбитното прашање кое се наметнува врзано за претплата на Facebook е цената, односно колку би наплаќал Цукерберг месечно и колку чинат корисничките податоци и сите огласи кои се прикажуваат на мобилните и веб верзиите на Facebook, пренесува Zimo.

- Advertisement -

Иако тешко е да се одговори на ова прашање, новинари врз база на месечните приходи на компанијата во Северна Америка и бројот на корисници заклучија дека Facebook на тој пазар заработува по 7 долари по корисник месечно. Но, на сајтот Tech Crunch сметаа дека месечната претплата не би изнесувала 7 долари туку би била повисока затоа што токму на корисниците кои можат да си дозволат месечна претплата најголем дел од огласувачите ќе сакаат да им ги прикажуваат огласите.

Имено, тие сметаат дека станува збор за луѓе кои се побогати од просечните корисници, а луксузните брендови плаќаат повисока цена за огласите. Исто така, таквите корисници веројатно поминуваат повеќе време на Интернет и на Facebook и има се прикажуваат повеќе огласи, па нивната вредност е поголема од просечните 7 долари.

- Advertisement -

Иако е тешко е да се одреди сумата на претплатата, аналитичарите веруваат дека таа може да се движи од 11 до 14 долари месечно и прашање е колку корисници навистина ќе сакаат или ќе можат годишно да платат речиси 170 долари за сурфање на Facebook без огласи.

Сподели!
- Advertisement -