-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Македонските ученици од тимот MakBot Pioneers се претставија на FIRST Championship LEGO League 2018 во Детроит

Kabtel desktop

Учениците од тимот „MakBot Pioneers“ од 25 до 28 април ја претставуваа Македонија на меѓународниот натпревар по роботика FIRST Championship LEGO League во Детроит, САД. На натпреварот учествуваа преку 280.000 ученици во 35.226 тимови од 90 земји ширум светот.

Тимот „The MAKBot Pioneers“ е составен од девет ученици од сите основни и средни училишта од Кочани, под менторство на професорот Гордан Анастасов. Тимот функционира во склоп на СОУ „Гошо Викентиев“ и работи како дел од кабинетот по роботика.

Нивниот проект е посветен на употреба на неискористениот потенцијал на термичките води, кои кога се враќаат како отпадна вода, ја има вистинската температура за одгледување на алгата спирулина.

Нивното учество на натпреварот по роботика во Детроит беше поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој.

Непосредно пред заминувањето во Детроит учениците остварија средба во просториите на Фондот за иновации со премиерот Зоран Заев и директорот на Фондот, Јован Деспотовски каде им беше доделен и документ за регистрација на авторското дело, со цел да се заштити интелектуалната сопственост на младите иноватори.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!