ArcaBoard е првиот вистински ховерборд

- Advertisement -

Компанијата Arca прима нарачки за нивниот производ-  ArcaBoard, кој според нив е ховерборд најсличен на ховербордите и технологијата од вториот дел од Враќање во иднината.

За разлика од комбинацијата од моноцикл и скејтборд односно ховербордите со магнети на Hendo и Lexus, ArcaBoard е вистински ховерборд и може да се искачи на која било површина било да е тоа бетон, песок или вода.

- Advertisement -

Има причина зошто ArcaBoard се смета за вистински ховерборд. Arca започна како романска невладина организација и доби договори за изработка на стратосферски ракети и балони од романската влада и Европската вселенска агенција. Оттогаш компанијата учествуваше во Google Lunar X Prize, направи готови дронови и се релоцираше во САД, од каде што го најави ArcaBoard на Божиќ минатата година.

ArcaBoard има 36 моќни вентилатори кои креираат до 272 коњски сили и 1913 њутни моќ. Батеријата обезбедува енергија доволно за 6 минути лебдење во воздух на полесната верзија и 3 минути лебдење на ArcaBoard дизајнирана за потешки луѓе.

- Advertisement -

Ова се уште не е возило за патување од работа до дома, особено ако се земе предвид дека максималната предвидена брзина е 20 км/ч. ArcaBoard може да го контролира корисникот со својата тежина или со iOS или Android апликација преку Bluetooth, со која се активира систем за стабилизација и се даваат навигациски команди со движења на рацете.

Самиот ховерборд изгледа како џиновски скејтборд со димензии 145 x 76 x 15 см, а тежи 82 кг.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -