Ексцентричниот претприемач Илон Маск неодамна на Twitter ги збуни и ги израдува медиумите и фановите со својата објава за бизнис план за кој и понатаму не е сигурно дали е вистински или не, пишува tportal.hr. Имено, на технолошкиот визионер и главен човек на компаниите Teslа и SpaceX, Илон Маск, не му недостигаат необични идеи.
Откако ја најави изработката на кибернетички змеј и ги одушеви хазардерите со куќните фрлачи на пламен, Маск објави дека работи на основањето компанија за производство и продажба на слатки, известува Engadget. Сајтот дури и му постави прашање на Маск по неговата објава на Twitter дали е тоа вистина, а Маск набрзина одговори дека е, цитираме, „супер, супер сериозен“.
Сите портали кои ги следат ескападите на Маск автоматски потрчаа на Twitter за да проверат дали се работи за шега или вистина, но одговорот стигна и пред самите прашања.
Тука се поставува прашањето зошто Маск би основал таква компанија и каква улога во сето тоа би имале неговите претходни компании, кои се како што знаеме технолошки. Освен употребата на автономните камиони Tesla Semi Trucks, кои би ги транспротирале бонбоните и чоколадите, гледаме некоја друга опција. Којзнае, можеби Маск ќе произведува слатки за идните жители на Марс.