19 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

Младите Грци основаат сѐ повеќе стартапи бидејќи веруваат дека „не може да биде полошо“

Kabtel desktop

„Доколку не делуваме, за пет години повторно ќе западнеме во економска криза – на Грција не ѝ оди добро, нема работа, а ги имаме ММФ и ЕУ да нѐ поддржат со грантови.“, изјавил 25 – годишниот Ставрос Цомпанидис за Reuters. Тој е само еден од илјадниците млади Грци кои во последниве години отвораат мали технолошки компании.

Процутот на грчката стартап сцена, според аналитичарите може да делува позитивно на целата економија која се заснова на туризам и поморство. Грција нема официјални податоци за бројот на стартапи, но податоците од консултантските куќи покажуваат дека се работи за број од околу 600 стартапи.

Ова е големо придвижување, бидејќи во 2010 година во државата имало само 16 стартапи. Ова е резултат на промената во размислувањето на младите Грци кои со години се соочени со последиците од тешката економска состојба во државата. Во екот на економската криза, невработеноста во Грција изнесувала околу 28%, а кај младите стигнала и до 60% поради што во периодот од 2008 до 2013 година, од Грција се иселиле околу 223 000 млади луѓе помеѓу 25 и 39 години. Оние кои останале, морале да бидат иновативни!

„Кризата го направи претприемништвото неопходно.“, изјавил Панајотис Заманис, потпретседател на грчката стартап заедница.

Претходно споменатиот Ставрос Цомпанидис, гледајќи ја сувата морска трева на плажата еден ден, дошол до идеја да ја основа компанијата PHEE која ќе произведува маски за телефон и кутии за наочари направени од морска трева. Со слични мотиви биле и тројцата основачи на компанијата Ex Machina кои во 2015 година почнале да развиваат предвидувачки софтвер наменет за индустријата на која во работењето ѝ се потребни метеоролошки податоци. Тие ја основале компанијата во период кога мислеле дека немаат што да загубат.

Националната банка во својот извештај навела дека технолошкиот стартап сектор во Грција моментално вреди околу 300 милиони евра, а покажува голем потенцијал за раст. Европскиот инвестициски фонд исто така го препознава потенцијалот поради што најавиле дека во наредните пет години планираат да „вбризгаат“ околу 400 милиони евра во грчките стартапи.

Стартап сцената во Грција е во раст и покрај тоа што државата не е најпогодното место за развој на бизнис. Во Индексот на конкурентност на Светскиот економски форум, Грција се наоѓа на 87. место од 137 држави. Бирократијата сепак не е нешто со што сите млади Грци се подготвени да се соочат при формирање стартапи, па така кога Никос Драндакис, основач на такси апликацијата Beat слушнал дека ќе му требаат околу три месеци за да регистрира фирма во Грција, се отселил во Лондон и таму ја отворил фирмата. Неговата апликација минатата година беше откупена од Daimler.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •