Google ја претстави апликацијата за слепи Lookout

- Advertisement -

Google ја искористи конференцијата Google I/O 2018 за, меѓу другото, да ја претстави новата апликација Lookout, која е замислена како помош за слепите и слабовидните луѓе. Апликацијата функционира на начин што на корисниците им дава гласовен опис на околината околу нив со посебен акцент на предупредувањата кои коирсниците ги известуваат за можни препреки на патот. Lookout ја користи камерата на телефон и се базира на машинско учење за да се идентификуваат препреките, пишува Bug.hr.

Апликацијата може да прочита и текст, на пример, од некој натпис каде што пишува излез или влез во некоја зграда. Содржи и неколку начини на работа. Едниот помага во чистење или преместување на мебелот по дома (Home), другиот може да дава гласовни упатства кои го водат корисникот до лифт (Work & Play), како и експериментален начин на работа во кој се тестираат најновите опции кои ќе бидат додадени во апликацијата.

- Advertisement -

Lookout засега е екслузивна за линијата уреди Google Pixel, а на корисниците им се препорачува своите Pixel уреди да ги носат во торбичка околу врат, со оглед на тоа дека апликацијата се потпира на камерата од мобилниот телефон. Од Google не откриваат која ќе биде достапна апликацијата на пазарот, но истакнуваат дека тоа секако ќе биде до крајот на годината.

Сподели!
- Advertisement -