- Advertisement -
Принцот Хари и Меган Маркл, или новоназначените војвода и војвотка од Сасекс, после нивната венчавка и излегувањето од дворецот Виндзор, се качија во ретро син кабриолет, односно во автомобилот Jaguar E-Type Concept Zero.
Автомобилот кој инаку е од 1968 година, за потребите на венчавката бил претворен во електричен автомобил. На регистрациската табличка на автомобилот стои датумот на нивната венчавка.
- Advertisement -
Она што особено ги заинтересира медиумите во соседството, е тоа што хрватскиот млад претприемач Мате Римац исто така имал удел во креирањето на автомовилот. Самиот Римац ја потврдил информацијата на својот Facebook профил, кој напишал „Направено во Света Недела“ – локацијата на фабриката Rimac Automobili.
- Advertisement -