6.5 C
Skopje
четврток, декември 12, 2019

Uber отвора центар за развој на летачки автомобили во Париз

Kabtel desktop

Uber најави отворање на истражувачки центар  – Advanced Technology Center (ATCP) во Париз, каде што во наредните 5 години ќе се развива технологија за летачки возила. Во проектот ќе се инвестираат 24 милиони долари, а станува збор за прв таков центар надвор од САД и Канада.

Во истражувачкиот центар ATCP ќе се изградат системи за управување со вештачка интелигенција и воздушен простор кои ќе ја поддржуваат услугата UberAIR, што ќе биде клучно за спроведување на пробните летови во Далас, Лос Анџелес и уште една светска метропола до 2020 година, пишува Zimo.

Планирано е ATCP да биде отворен наесен, а во него ќе работат врвни таленти на полето на машинството, вештачката интелигенција и компјутерите. За да ги задоволи идните енергетски потреби ATCP ќе соработува со европски урбанисти и регулаторни тела за заеднички да се осмисли архитектура за превоз на електричен погон.

Uber почна и петгодишна истражувачка соработка со престижната француска образовна установа École polytechnique и финансиски ќе ја поддржи меѓународната академска и истражувачка катедра под назив „Интегрирана урбана мобилност“.

„Изградбата на иднината на нашите градови ќе се прави со соработка на најдобрите и најпаметни умови. Благодарение на врвните инженери и водечката улога во светската авиоиндустрија, Франција е совршено место за унапредување на нашата програма Uber Elevate и почнување нови технолошки инциијативи. Се радуваме на соработката со École polytechnique на иднината на урбаната мобилност како на копно така и во воздух“, изјави Дара Косровшахи, извршен директор на Uber.

Катедрата „Интегрирана урбана мобилност“ ќе соработува со ATCP на истражување на вештачката интелигенција, воздухопловството и превозот на електричен погон. Почетните проекти, меѓу другото, ќе вклучуваат и решенија за воздушен превоз во соработка со европски регулаторни тела како Европската агенција за безбедност на воздушниот превоз (EASA) и развој на паметни мрежи кои ќе го поддржуваат идниот возен парк од електрични возила и авиони.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •