6.5 C
Skopje
четврток, декември 12, 2019

Со 3,4 милиони евра за бизнис акцелератори и технолошка експанзија ќе се поттикнува формирање на стартапи

Kabtel desktop

Државата со 3,4 милиони евра ќе помага формирање акцелератори каде младите ќе отвораат сопствени бизниси, и ќе поттикнува технолошка експанзија на мали и средни фирми преку набавка на технологија и опрема за зголемување на конкурентноста.

Повикот со кој ќе се распределуваат грантовите со двата нови инструмента, што првпат ќе се применат преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), е објавен денеска и ќе трае до 27 јули годинава.

Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски на прес-конференција истакна дека се очекува од предвидените 3,4 милиони евра заедно со вложувањата од корисниците да се генерираат најмалку 5,5 милиони евра. Целта е да се поддржи креирање брзорастечки бизниси и да се поттикне создавање високо платени работни места со плати од 30.000 до 100.000 денари.

, рече Деспотовски, надополнувајќи дека за најуспешните стар-ап компании што ќе произлезат oд акцелераторот ќе понуди дополнителни пари за натамошно забрзување на растот со оглед на поставената цел за брзорастечки бизниси.

Се очекува корисници на парите за отворање бизнис акцелератори да бидат факултетите од техничките струки, локалните самоуправи и инвентивни компании. Тие ќе бидат поддржани со 75 проценти од вкупното вложување, а останатите 25 проценти треба да ги обезбедат сами. Максимум 20 проценти од средствата што ќе ги добијат треба да ги трошат за менаџирање на проектот, а најмалку 80 проценти да завршат кај старт-апите, односно кај формираните компании.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува да бидат формирани најмалку четири акцелератори кои би добиле финансии од по половина милион евра, а би биле од целата територија на државата. За новите мерки, како што потенцираше, се применети меѓународните искуства од областа.

„Она што го прави Македонија не е ништо измислено сега, туку е успешна приказна во Иразел и другите држави каде се формирани акцелератори. Една од најинвентивните компании моментално во светот што измисли модел на автономно возило со сензори е развиена во ваков тип акцелератор во Израел и подоцна продадена за 16,5 милијарди евра.“, рече на прес-конференција Анѓушев.

Потенцираше дека првпат во државава се поддржува формирање акцелератор и апелираше до младите дека не е доблест да се работи само во администрација и државна компанија и оти е голема среќа да се формира своја фирма. Ова е важна мерка многу млади луѓе да останат во државава, да ја препознаат како поддршка за нивните идеи и да биде стимул за формирање многу успешни компании, наведе Анѓушев.

За финансиска поддршка со инструментот технолошка експанзија, пак, ќе може да конкурираат кластерите и коморите преку кои компаниите би добивале пари за нова опрема и технологија со што ќе ја подобруваат конкурентноста. Откако кластерите или коморите ќе конкурираат и ќе добијат одредени средства ќе бидат избрани неколку компании кои ќе добијат до 50 проценти од средствата што ќе ги потрошат за купување нова опрема.

Грантовите што се доделуваат со двата нови инструмента се дел од заемот во износ од 9,5 милиони евра обезбеден за ФИТР од Светска банка во 2013 година, од кои до пред една година беа искористени девет проценти.

Повикот наменет за акцелератори за млади може да се најде на следниов линк, додека пак повикот за технолошка експанзија на овој линк.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •