17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

#ИновативностЧита: Shoe Dog – мемоар од креаторот на NIKE

Kabtel desktop

Кога станува збор за книгата која оваа недела ви ја претставуваме во рубриката #ИновативностЧита, многумина ќе речат дека е мемоар кој може и да ве расплаче. Ајде да видиме зошто мемоарот Shoe Dog на Фил Најт, креаторот на Nike е книга која секој треба да ја прочита.

Иако можеби навидум се чини дека е ова е книга за уште еден бизнис магнат кој владее со добар дел од една индустрија како индустријата за спортска опрема и облека, не ја отпишувајте приказната на Фил Најт уште на старт.

За оние кои не знаат, Nike започнува во 1962 година како стартап компанија чија првична цел била да увезува спортски патики од Јапонија кои ќе бидат со висок квалитет и ниска цена. Пред да почне да ја остварува оваа своја цел, Фил Најт позајмил 50 долари од својот татко и првите спортски патики кои ги нарачал почнал да ги продава од багажникот на својот автомобил. Во првата година, успеал да оствари приход од 8.000 долари кога сфатил дека е добар во ова и дека е време да го прошири бизнисот.

Инаку, Фил Најт отсекогаш бил доживуван од јавноста и медиумите како мистериозна личност, па поради тоа кога неговиот мемоар излезе од печат пред само две години, во 2016 година, јавноста полека почна да го осознава човекот позади еден од најпрепознатливите брендови во светот кој го носи името на божицата на победата Нике.

Тој почнува да ја раскажува приказната за брендот хронолошки и што го инспирирало кога имал само 24 години да влезе во светот на бизнисот. Ова е еден од ретките мемоари во кои целосно се гледа и личната и професионалната страна на еден претприемач.

Кога ќе ја читате книгата, ќе уживате во детално раскажаните ризици и пречки кои Најт сметал дека постојат помеѓу него и остварувањето на неговата мисија да создаде бренд кој ќе биде различен од она што веќе постои на пазарот.

„Она утро во 1962 година си реков самиот на себе: остави ги луѓето да зборуваат дека твојата идеја е луда… ти само продолжи. Не запирај. Не ни помислувај да се откажеш сѐ додека не стигнеш таму и не размислувај многу за тоа каде точно е тоа „таму“. Што и да се случи, не запирај.“, раскажува Најт на почетокот.

Освен што раскажува за нештата кои денес го дефинираат брендот Nike, за препознатливоста на логото, мотото Just Do It и друго, тој опфаќа и теми како лекции кои ги научил од своите соработници, партнери, клиенти, раскажува за природата на парите и колку истите не се важни доколку навистини го сакаш својот бизнис.

Книгата моментално не е достапна на македонски јазик, но може да се нарача од сервисите како Amazon и Book Depository за околу 600 денари. Прочитајте ја за да ве инспирира и да ви открие нешта за бизнис светот и градењето на оригинален бренд кој постојано поместува граници и годишно остварува продажба во вредност од 30 милијарда долари.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •