Македонската апликација Sound of Markets овозможува да го слушнете звукот на берзите

- Advertisement -

Sound of Market е нова македонска апликација која овозможува претставување на податоците кои доаѓаат од берзата како звук, а можеби дури и музика. Ова значително би можело да им помогне на брокерите кои работат на берза, секако доколку се навикнат наместо на екран со табели и графици податоците од берзата да им стигнуваат преку слушалки.

Како што пренесува порталот IT.mk, апликацијата овозможува софистицирано претставување на случувањата и трендовите на берзата преку музика и тонови. Најпрво од повеќе канали се собираат податоци кои потоа се анализираат и се креира стрим музички ноти. Овој стрим се препраќа до корисниците кои ги слушаат каналите.

- Advertisement -

Креатори на апликацијата се  Игор Јовчевски, Александар Трпески и Никола Миноски. Целата технологија зад апликацијата е развиена во Македонија и патентирана во Patent Office UK.

„Sound of Markets е прва платформа што овозможува слушање на market data. На некој начин како музика. Апликацијата е бесплатна зa 3 берзи, а со претплата се отклучуваат повеќе.“, изјавил еден од основачите и iOS девелопер, Игор Јовчевски.

- Advertisement -

Според креаторите, Sound of Market е основана со убедување дека луѓето имаат проблем да се фокусираат на графици и визуелизации истовремено. Нормализирањето на податоците од пазарот како звук и хармонична музика ќе им овозможи на брокерите да го следат пазарите подобро.

Засега апликацијата е достапна на iOS, но Јовчевски се надева дека наскоро ќе излезе и Android верзијата. Погледнете во видеово како изгледа апликацијата:

Сподели!
- Advertisement -