Google претстави систем за ладење и греење кој ја користи енергијата на почвата

- Advertisement -

Спиноф компанијата на Google, Dandelion, на годишната конференција на гигантот претстави систем за греење и ладење кој ја користи енергијата од почвата за да ја регулира температурата во домот. Спинофот произлезе од полутајната лабораторија X на компанијата-мајка на Google, Alphabet, со цел да направи геотермални енергетски системи за крајните корисници. Првиот комерцијален производ на компанијата се вика Dandelion Air, пишува CNET.

Dandelion Air е геотермален систем кој ја пренесува топлината од почвата до домот преку пластични цевки и пумпа, на тој начин носејќи ја енергијата до зградите и куќите во текот на зимата, а летно време ја носи топлината во обратен правец. Овој систем е речиси двапати поефикасен од типичните клима-уреди и четири пати поефикасен од обичните печки, велат од компанијата.

- Advertisement -

Сепак, инсталацијата на системот не е евтина. Од Dandelion проценуваат дека цената е околу 20.000 долари, во зависност од големината на домот и висината на владините субвенции, Но, проценките се дека консументите ќе заштедат околу 20% годишно на греење и ладење.

Системот веќе може да се набави во Њујорк после шестмесечна пилот-програма. На страницата на Dandelion може да се провери дали домот ви се квалификува за инсталација на овој систем.

Сподели!
- Advertisement -