Јапонска компанија направи летачки чадор – се движи заедно со вас и ви држи сенка

- Advertisement -

Мала јапонска компанија претстави прототип на летачки чадор, кој се движи со помош на дрон и му овозможува на корисникот да се движи во сенка. Секој што бил во Јапонија во текот на жешките влажни лета ќе разбере што ја поттикнало компанијата да го направи овој гаџет.

Asahi Power Service е мала компанија од североисточната префектура Тошиги и се надева дека идната година ќе може да почне со продажба на новиот гаџет, пренесува N1info. На почеток целта ќе биде да се користи во затворени простории како што се терени за голф поради ризикот од пад и комплицираните прописи за користење дронови.

- Advertisement -

„Го смислив овој чадор затоа што не сакам да носам чадор во рака“ изјави сопственикот на компанијата, Кенџи Сузуки. Прототипот на чадорот има пречник од 1,5 метри, тежи 5 кг и засега може самостојно да лета 5 минути со помош на батерија која се полни. Компанијата се надева дека ќе може да го зголеми времето на летање на 20 минути така што ќе го направи моторот полесен.

„Моментално ја тестираме третата генерација од прототипот и се обидуваме да го надминеме главниот технички предизвик, а тоа е стабилизација на летот над главата на корисникот додека го следи во чекор“, додава Сузуки.

Сподели!
- Advertisement -