27 C
Skopje
петок, септември 18, 2020

САД ќе формираат вселенска војска

Kabtel desktop

На прес-конференција во Белата куќа вчера, претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека му наложил на Пентагон да формира Вселенски сили како посебен род во Вооружените сили на САД, јавуваат американските медиуми.

„Ако се зборува за заштитата на Америка, американското присуство во вселената е недоволно. Неопходна е американската супериорност во вселената. Многу е важно тоа што јас сум овде за да му наложам на министерството за одбрана и Пентагон веднаш да го започнат тој процес. Тоа е потребно за воено-вселенските сили да станат шеста гранка на вооружените сили. Ќе имаме воена авијација и вселенски вооружени сили, издвоени но подеднакво важни“, кажа Трамп.

Во својот говор тој додал дека американската влада сака повторно да испрати американски астронаути на Месечината, нагласувајќи ја наредбата која самиот ја потпиша минатата година за да се случи тоа и додавајќи дека е подготвена да работи со растечката приватна вселенска индустрија.

Трамп и претходно изјави дека ја поддржува идејата за шестиот род во војската, заедно со копнената војска, воздухопловството, воената морнарица, поморскиот корпус и крајбрежната стража.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •