Новата мобилна апликација на Tesla им овозможува на возачите со телефон да ја ограничат брзината на колата

- Advertisement -

Tesla објави нова надградба на мобилната аликација која на корисниците им овозможува директно преку телефон да ја одредат максимално дозволената брзина на автомобилот. Опцијата се вика Speed Limit Mode и е вклучена во верзијата 3.4.1, а е надградба на сличната опција Valet Mode.

Сепак, нема да вклучува некои од досадните опции на Valet Mode како заклучување на фиоката во автомобил и на багажникот. Надградбата на корисниците ќе им овозможи да ја ограничеат брзината и забрзувањето на автомобилот, пишува DailyMail. Максималната брзина на автомобилот може да се ограничи од 90 до 145 км/ч. Опцијата ќе може да се активира само кога автомобилот е паркиран.

Корисниците ќе можат да ја инсталираат надградбата само ако имаат верзија на апликацијата 2018.24 или понова. Новата опција Speed Limit Mode ќе им овозможи на корисниците на Tesla да ограничат со која брзина ќе може да се движи автомобилот кога го возат нивните деца или доколку ја паркираат некаде колата. Не е познато кога ќе биде достапна надградбата за оваа инсталација.

Сподели!
- Advertisement -