Проектот на регионалната агенција New Moment се издвои во конкуренција од 32.000 кампањи од 90 земји и 26 категории, освојувајќи 2 лавови во првите три фестивалски денови.
Синоќа се доделени наградите во уште 7 категории на фестивалот Cannes Lions, а агенцијата New Moment освои и Златен лав за продолжението на проектот „The One” во категоријата Industry Craft.
„Вечерва го освоивме јубилејот, десетти лав. Многу сме горди на целиот тим, на сите наши соработници од New Moment и Y&R Дубаи и му благодарам на Меѓуверскиот Совет во БиХ за нивната доверба”, изјави Жарко Сакан, извршен директор на New Moment New Ideas Company.
Претходно, New Moment за истиот проект освои и бронзено признание во една од најважните фестивалски категории –Принт.