6.9 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2019

Модерен Bike Computer, за одлични велосипедски резултати

Kabtel desktop

Единствениот начин за подобрување на вашиот велосипедски перформанс е да ги следите вашите лични резултати. Со Bike Computer апликацијата, можете да ги одберете метриките кои се важни за вас. Bike Computer ве мотивира да возите повеќе, заедно со над 100.000 активни велосипедисти кои се корисници на оваа апликација.

Bike Computer е интересна апликација за сите велосипедисти која покрај стандардните опции за следење на вашата рута на возење со сите параметри, преглед на отчукувањата на срцето и слични функционалности, нуди и вградена безбедносна опција која ќе ви помогне во случај на незгода. Апликацијата, развиена од македонската Venikom Mobile, е достапна за Android и iPhone.

Апликацијата е базирана на 2 годишно истражување, активен развој и тестирање, како и соработка со десеткратниот шампион на Македонија во велосипедизам и вицешампион на Балканот, Јоже Јованов.

Како изгледа еден Модерен Bike Computer?

  • Минимален, модерен и функционален дизајн: Bike Computer има минимален интерфејс за максимални перформанси.
  • Возете со метриките кои вие ќе ги изберете: Со Bike Computer, можете да ги персонализирате метриките кои се важни за вас.
  • Заштедете батерија и возете со црната тема: Без разлика дали само сакате да возите велосипед навечер или да заштедите батерија црната тема е секогаш одлична опција.
  • Безбедноста на прво место : Keep me Safe функцијата ви дава сигурност бидејќи знаете дека секогаш имате некој кој може да ви помогне во случај на несреќа.

Keep me Safe работи само кога телефонот е поставен на телефонски држач за велосипед. Погледнете го искуството на овој корисник на Keep me Safe функцијата:

Станете дел од Bike Computer велосипедската заедница

Не треба да почнувате од нула! Синхронизирајте ги вашите активности на Strava и споделете ги со пријателите на социјалните мрежи. Покажете ги вашите омилени места за возење и инспирирајте ги луѓето со споделување одлични фотографии од вашите велосипедски авантури. Про совет: Додајте некои од нашите налепници за подобар изгед.

Оваа апликација е одлична ако сакате да запознаете нови велосипедисти или да пронајдете пријатели во близина? Едноставно отворете ги GPS и Мапа опциите и можете да видите кој е околу вас.

Новина кај оваа апликација, која е лансирана во 2016 година, е што сега има две опции на претплати. Keep me Safe и Црната Тема имаат уште подостапна цена. Keep me Safe пораките сега се испраќаат директно од уредот преку SMS.

Апликацијата можете да ја преземете за Андроид и iOS, иако за да ги отклучите сите функции треба да се претплатите.

Цените на претплатите се движат од 0,99 $ месечно до еднократна претплата од 39.99 $.

Само 10 месеци по создавањето Bike Computer апликацијата достигна над 350.000 преземања за Android и iOS, со повеќе од 100.000 месечни активни корисници кои имаат извозено над 6,4 милиони милји до денес.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •