12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Некои апликации ја „јадат“ батеријата на телефонот, но има решение

Kabtel desktop

Батеријата на паметниот телефон се празни побрзо од вообичаено? Можеби проблемот е некоја од следните апликации. Poslovni Dnevnik направи листа со апликации кои ја празнат батеријата на телефонот побрзо отколку што е нормално.

Snapchat

Snapchat ја оптеретува вашата батерија, но постои решение кое може да го ублажи овој проблем. Во поставките за телефонот вклучете ја опцијата Travel и исклучете го следењето на локацијата.

Tinder

Tinder исто така ја следи вашата локација и ги освежува податоците. Исклучете го освежувањето на податоците во позадина, исклучете ги известувањата или користете го Tinder преку веб-пребарувач.

Апликации со вести

Апликациите со вести постојано контактираат со веб-сервери и ја оптеретуваат батеријата. Страниците со вести следете ги на пребарувач или следете ги нивните објав на Facebook и Twitter.

Microsoft Outlook

Оваа апликација постојано ја проверува нашата пошта, па подобро рачно пороверувајте дали и стигнала порака или користете друга апликација.

Facebook и Messenger

Апликациите на Facebook ја „јадат“ батеријата, па би било попаметно да ги замените со поедноставни верзии како Facebook Lite или Messenger Lite или гледајте ги во пребарувач.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!