2.3 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Хрватска добива прв Фестивал на одење

Kabtel desktop

Останува помалку од еден месец до важниот спортски настан кој по прв пат ќе се одржи во Хрватска. На 1 и 2 септември во организација на Туристичката заедница на Личко-сењската жупанија ќе се одржи Првиот хрватски фестивал на одење.

Ова е голем настан за Хрватска затоа што ваквите фестивали де голем тренд во светот, а освен популарносѕа, ги краси и масовноста, затоа што одењето е активност која се повеќе добива на значење  и на професионалност. Поради тоа, на некои од фестивалите се собираат и по 50.000 „одачи“.

Првиот хрватски фестивал на одење ќе се одржи со две рути – кратка и долга, пишува Poslovni Puls . На 1 септември во Госпиќ натпреварувачите ќе совладуваат стази од 23 и 30 километри, симболично наречени Tesla. Потоа на 2 септември манифестацијата се сели во Оточац, каде што ќе има кратка стаза со должина од 18 км и најдолгата стаза од дури 34 км.

Благодетите на професионалното, но и рекреативното одење се многубројни, а еден од најпознатите факти е дека со одењето за секоја минута можете даси го продолжите животот за 1 до 2 и пол минути. Тоа е одличен мотив за сите кои сакаат да направат нешто за своето здравје, но и убаво да си поминат уживајќи во недопрената природа.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •