-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Во најеколошкиот кварт во Стокхолм ќе се гради град од дрвени облакодери

Kabtel desktop

Кога компанијата Anders Berensson Architects беше повикана да дизајнира нова населба во Стокхолм која ќе биде најгусто населена, највисока и најеколошка во градот, шведската компанија одговори со Masthamnen, град од дрвени облакодери кој е високо над традиционалните блокови. Овој „дрвен град“ е мешавина од станбен и канцелариски простор, продавници во средина погодна за пешаци и интегрирани зелени површини кои го поврзуваат новиот кварт со околниот ридски пејзаж, пишува Inhabitat.

Лоциран помеѓу три ридови, Masthamnen е организиран во три главни дела: понизок блок кој е на исто ниво како традиционалните градби, висок „дрвен град“ над него и серија зелени покриви и мостови кои го поврзуваат „дрвениот град“ со ридовите. Понискиот дел ќе има 19 нови блокови со 6-10 ката. Вкупно, во нив ќе има 2.500 станови, 60.000 квадратни метри канцелариски простор и речиси 100 продавници и ресторани.

Во високиот „дрвен град“ ќе има 31 тенки облакодери со 23-35 ката. Во нив ќе има околу 3.000 станови и 30-ина продавници и ресторани. Во дизајнот е испланирано секој облакодер од сите страни да има доволно простор за да не се попречува погледот од становите. Дрвото ќе биде основниот градежен материјал.

Кога ќе се влегува во новиот град патот ќе биде на исто ниво како покривите на новите ниски блокови. Токму затоа архитектите одлучиле на покривите на секој од нив да има паркови, кои ќе бидат поврзани со мостови.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!