Марија Дибјаџио Митевска, Македонката од Њујорк која креира свет без текстилен отпад!

- Advertisement -

Да не се фрли ниту еднo парче текстил што останува во кројачките работилници, туку да се трансформира во облека и аксесоари за луѓе и за животни, е зелената идеја на Марија Дибјаџио Митевска. Марија, која своите колекции ги развива во Њујорк, а ги реализира во Македонија, неодамна победи на натпреварот организиран од АРНО

Маички, дуксери, тренерки, несесери, капчиња и перничиња за кучиња се само дел од нејзините дизајнирани производи кои се изработуваат од материјалот што останува неискористен од производството на спортската опрема на нејзиниот бренд Di Biaggio NY, што го развива во САД.

Не само што не сака да помисли остатокот од материјалите да ги фрли на депонија, туку Марија веќе ги завршува дизајните на нејзината прва Zero waste design колекција, која ќе се појави напролет. Колекцијата првенствено ќе биде наменета е за лицата со физички попречености, па освен одржливоста и иновативноста, главната идеја на концептот е и хуманитарноста.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

Грижата за другите, особено за немоќните е многу голем и важен дел од нејзиниот живот. Марија во студентските денови волонтирала во здружение на лица со оштетен вид на кои им читала книги за да им помогне да совладаат одредено градиво или да положат испит. Таа го основала здружението „Пинк супорт“ преку кое учествува на настани и организира спортски активности за да ја покрене јавната свест за лицата со посебни потреби.

[quote color=”#dd3333″]

- Advertisement -

[quote]

Нејзината цел, вели, не е само свет без отпад, туку и свет без предрасуди, а двата концепти ги споила преку Zero waste design.

[/quote]

[/quote]

На повеќето од овие лица им треба само да бидат прифатени. Некои се толку многу самостојни и способни за живот, што не им треба ниту многу помош од нас. Единствено што им треба е да бидат прифатени како дел од општеството, од нашето секојдневие, како дел од семејството, пријателите и соработниците“, вели Марија.

Подигнувањето на нивната самодоверба, поттикот да излезат од дома и новата облека, која барем за миг ќе им го направи поубав животот, е основната идеја на Zero waste design. Заради тоа, петмина нејзини блиски лица со физички попречености ќе бидат првите модели и идни сопственици на облеката која ќе се изработува според овој концепт. Тие, кога колекцијата ќе биде готова, ќе бидат манекени кои ќе настапат на модната ревија и ќе бидат вклучени во каталогот.

Дизајнираме облека од растеглив материјал, бидејќи тој многу повеќе им одговара на нивните потреби за да можат самите да се облекуваат. Добрата страна е што мојот бренд е за спортска опрема, па многу употребувам такви материјали. Отпад има секогаш. Некогаш тоа се и повеќе метри материјал, што е штета да остане неискористен. За жал многу фабрики го фрлаат, бидејќи, за да се искористи треба  да се осмисли некоја комбинацијата, да се вложи  малку повеќе труд, време и волја“, објаснува Марија.

Таа најавува дека дел од облеката на Zero waste design ќе биде наменета и за комерцијална продажба. На тој начин ќе се обезбеди одржливост на концептот, а сите слободоумни и отворени луѓе ќе можат да допринесат да се развива една зелена идеја со силен хуманитарен карактер.

Ќе направиме маички на кои пораките, освен што ќе бидат испечатени, ќе бидат напишани и со брајовото писмо. Тие не се само за лицата со оштетен вид, туку за сите кои размислуваат широко и се подготвени да ја развиваат свеста за прифаќање и инклузија, “вели Марија.

Освен облека од остатоците од материјалите со кои ги изработува моделите на DiBiaggio New York, Марија прави несесери, торбички и перничиња за домашни миленици. Како голем љубител на животните таа чува неколку кучиња и мачки, а сите уживаат на перниците кои се наполнети со најситните текстилни остатоци од нејзините материјали или спијат во ќебенцата од вишокот мек материјал за дуксери.

„Идејата која започна во мојата работилница во Њујорк, како можност од остатоците да сошијам нешто за мене или за вработените, се развиваше и дојде до концептот Zero waste design. Многу ми е драго што на натпреварот на АРНО, концептот беше препознаен и награден. Истовремено открив дека работата со лицата со хендикеп максимално ме исполнува и уживам додека создавам и креирам“, објаснува Марија.

Таа во последните години активно живее на релација Македонија – САД. Таму го развива својот бренд за спортска опрема Di Biaggio NY, а веќе неколку години има производствен погон во Македонија. Следниот чекор во развојот не идејата ќе биде вклучување на лицата со попреченост во производствениот процес на Zero waste design.

„Со оглед на тоа дека досега целата инвестиција е целосно моја, се надевам дека во иднина некој инвеститор ќе го препознае потенцијалот на идејата и заеднички ќе можеме да реализираме уште поголеми проекти во иднина“, посочува Марија.

(Пишува- Сања Наумовска)

Сподели!
- Advertisement -