25 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

Кафуле во Токио ќе користи роботи-келнери со кои ќе управуваат инвалидизирани луѓе

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Кафуле во Јапонија вработува роботи-келнери со кои далечински ќе управуваат од дома луѓе кои имаат потешки физички инвалидитети.  Андроидите, кои се високи колку седумгодишно дете, пренесуваат звук и видео преку Интернет и на луѓето што ги контролираат им овозможуваат да ги управуваат преку таблет или компмјутер, пишува DailyMail.

Инженерите кои се одговорни за проектот велат дека се надеваат да обезбедат работа за луѓето кои не можат да го движат телото, како што се, на пример, луѓето со болести на мускулите. Кафулето за проектот ќе ги користи роботите OriHime-D и ако краткиот тест-период се покаже успешен, веројатно кафулето ќе продолжи да работи така до Олимписките игри во 2020 година во Токио.

„Секој има слобода да прави што сака. Сакам да испратам порака во пресрет на 2020 година дека можете да покажете гостопримство иако имате инвалидитет“ вели Масатане Муто, кој има амиотрофна латерална склероза и е еден од организаторите на проектот.

Роботите OriHime-D се високи 1,2 метри и тежат околу 20 кг. Секој робот во главата има камера и микрофон, преку кои испраќа видео и аудио до лаптоп или компјутер. Кафулето во квартот Акасака во Токио ќе биде отворено од 26 ноември до 7 декември.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •