14 C
Skopje
среда, јуни 3, 2020

НАСА ќе го лансира првиот SpaceX со двајца астронаути во јуни 2019 година

Kabtel desktop

Американската вселенска агенција НАСА објави дека првиот лет со ракетата на SpaceX со двајца астронаути до Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе се случи во јуни 2019 година.

Два месеци потоа до ISS треба да одлета и вселенското летало кое го конструираше Boeing. Во календарот веќе имашe одложувања, како што често е случај со вселенските истражувања. Датумите повторно може да се сменат како што се приближува рокот за лансирање, изјави Фил Мекалистер, директор на приватните летови на НАСА.

„Тоа се нови летала, а екипата од инженери има многу работа пред системите да бидат подготвени за лет“, изјави тој.

Овие два лета се сметаат за тестови. Двајцата астронаути кои ќе патуваат со секое од леталата ќе одморат две недели на ISS, а потоа ќе се вратат на Земјата. Пред тоа SpaceX ќе прави тестови без астронаути во февруари 2019 година, а Boeing во март, пренесува Zimo.

Од 2011 година досега НАСА мораше да користи руски летала за да ги испрати своите астронаути на ISS. Договорот со Русија истекува во ноември идната година.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •