Google ја гаси социјалната мрежа Google+

- Advertisement -

Интернет гигантот вети дека ќе ги зајакне своите протоколи за размена на податоци откако се дозна за пропустот

Нов скандал со сигурносни податоци, во кој се погодени повеќе од половина милион корисници на социјалната мрежа Google+, ја поттикна матичната компанија Alphabet конечно да донесе одлука за гасење на својата платформа за социјални медиуми.

- Advertisement -

Претходно оваа недела беше откриено дека податоците за приватните профили на повеќе од половина милион корисници се доставени до стотици надворешни програмери. Директорите на Google брзо донесоа одлука за затворање на социјалната мрежа која веќе се соочуваше со проблеми и не успеа да го привлече посакуваниот број на корисници, а компанијата издаде ветување за зајакнување на своите протоколи за размена на податоци.

Истрагата на Google за праксата на размена на податоци од апликациите со трети страни откри сериозни пропусти уште во март, а по последните вести компанијата донесе одлука за затворање, иако не постојат никакви конкретни докази дека некои од програмерите ја искористиле ранливоста на системот или ги злоупотребиле податоците кои им биле достапни, на било кој начин.

- Advertisement -

Драматичен одговор на ситуацијата дојде по шест месеци тишина, бидејќи Google одлучи да ги задржи во тајност деталите од пропустот, што “Волстрит Журнал“ го припишува на стравувањата за привлекување дополнително внимание од регулаторите во услови на широка дебата во врска со безбедноста на податоците, после скандалот со Кембриџ Аналитика.

Google, од друга страна, тврди дека спецификите на овој пропуст не ги исполниле критериумите на компанијата за објавување вести до јавноста.

Сподели!
- Advertisement -