10.3 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

Жителите на Индонезија добиваат бесплатно возење со автобус во замена за пластични шишиња

Kabtel desktop

Вториот по големина град во Индонезија пронајде нов начин да ги поттикне жителите да го рециклираат отпадот –  им нуди бесплатно возење со автобус во замена за искористени пластични шишиња. Овој проект беше лансиран во април годинава во Сурабаја. Жителите на овој град можат да се возат со црвените градски автобуси откако ќе остават пластични шишиња на терминалите или директно „да платат“ во автобус со пластични шишиња.

Двочасовно возење со автобус чини од десет пластични чаши до пет шишиња, во зависност од нивната големина. Градот се надева дека ова ќе помогне да се реализира амбициозната цел градот да нема пластичен отпад до 2020 година, пренесува CNBC.

Сурабаја е првиот град во Индонезија кој воведе ваква шема. „Пластични шишиња се насобираа во моето маало, па ги донесов тука за да се исчисти околината, но и да им ја олеснам работата на комуналните работници“ вели една жителка на Сурабаја.

Според податоците, 15% од отпадот во градот или околу 400 тони дневно се пластика. Еден автобус може да собере до 250 кг пластични шишиња дневно, односно околу 7,5 тони месечно. По собирањето, пластичниот отпад се дава на компании за рециклирање. Парите кои ќе ги земат за пластиката се користат за гориво и сервисирање на автобусите, како и за уредување на зелени површини во градот кој се наоѓа на најисточниот горен дел од индонезискиот остров Јава.

Индонезија моментално е четврта земја со светот по бројот на жители. Земјата е дом на најголемата тропска шума во Азија, но се бори со огромен сообраќаен метеж во градовите. Истовремено, земјата е вториот најголем загадувач со пластика во светот после Кина.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •